fbpx

Гоблин на Д Фестивал!

Незаборавана и откачена забава за сите дечки, девојки и гоблини (особено за третите) на Д Фестивал!
Дојдете да се дружиме, слушајте ги најдобрите бендови, играјте ги најпопуланите друштвени игри и на крајот заминете си со бесплатна игра!!!

Во кампот на Д Фестивал секој ден (петок, сабота и недела) додека се одморате и брчкате во езерце, дојдете и до просторот на Гоблин Друштвени Игри и гејмајте со нас.
Ќе ве научиме како се игра KeyForge,  Magic: The Gathering и ќе можете да си добиете и бесплатен шпил, ќе играме и разни други игри, а ќе може да ги пробате светскитe бестселери Dixit и Ticket to Ride Европа, кој отсега се печатени и на македонски јазик!
Ќе имаме и други игри, но доколку и вие имате некоја игра што сакате да ја споделите и да ја играте со останатите фестивалџии, слободно донесете ја!

1.Magic:The Gathering е најпопуларната игра со карти во светот со преку 19 милиони официјално регистрирани играчи. Оваа стратегиска игра е во врвот на популарноста, а во последниве години доживува огромна експанзија и покрај се поголемата проширеност на компјутерските игри.
СПЕЦИЈАЛНА Д Фестивал промоција – Научете да играте Меџик и добијте бесплатен шпил!

2. Dixit е една од најпопуларните друштвени игри во светот, со неколку милиони продадени примероци. Забавна игрица за целото семејство и другарите и другарките, па и комшиите! Може да ја играат до 12 луѓе и е тотално откачено искуство какво досега не сте виделе.
Овој мегапопуларен француски парти гејм од оваа година може да си го купите и на македонски јазик благодарение на Гоблин, кој е дистрибутер за Македонија.

3. Гејмање со уште цел куп други игри, а може да си донесете и ваша игра која сакате да ја играте со другите фестивалџии, па да биде фешта за цело село 🙂

TOP

Login

Create an account

Вашите податоци ќе бидат употребени за подобро искуство со нашиот сајт, да имате пристап до вашиот профил на сајтот, и се останато опишано во privacy policy.

Password Recovery

Lost your password? Please enter your username or email address. You will receive a link to create a new password via email.

Кошничка 0