Прво државно првенство во Катан
Ведран Андонов беше најдобар меѓу 62 играчи и ја освои првата титула шампион на Македонија!


Ведран Андонов е првиот шампион на Македонија во ‘CATAN’ откако заврши на врвот меѓу 62 играчи на Државното првенство кое се одржа на 20 август во ‘Public Room’.
Тој доби авионски билет и право да ја претставува Македонија на претстојното Европско првенство во Копнехаген (27-29 октомври).
Честитки за Ведран и благодарност до сите учесници!