Последниот турнир од Хартстоун лигата пред големото финале и прослава на излегувањето на новата едиција Kobolds & Catacombs!
Дополнително овој пат решивме да додадеме и уште еден шмекерски момент, па Blizzard награди ќе делиме и на супероткачениот Fireside Tavern Brawl – A Spirited Competition, кој ќе го играте како сајдевент на турнирот! (https://us.battle.net/
Ќе биде вратена и вашата омилена „рубрика“ – Achievement points, но сега специјално само за Tavern Brawl-от!
***KOBOLDS & CATACOMBS PREVIEW EVENT***
Време: 25 ноември, сабота, 14:00 ч.
Формат: Стандард (4-5 кола по швајцарски систем со Топ 4)
Број на декови: 2 – по еден од две различни класи.
Победник: Во две добиени, по една победа со двата дека.
Пријавување: Испратете име, презиме и бетл таг на contact@goblingames.mk
ВАЖНО: Секој доаѓа со своја машина (лаптоп, таблет, мобилен)
Учество: 100 ден.
Награди:
1 место: 40 % store credit од вкупното учество + Arthas Funko POP фигура!
2 место: 20 % store credit од вкупното учество
3 место: 10 % store credit од вкупното учество
4 место: 10 % store credit од вкупното учество
+ многу награди по случаен избор!
***ПРАВИЛА НА ЛИГАТА***
1. Секој учесник на турнир од лигата ќе добие по 3 бода (доколку учествува на пр. на 3 турнири, тоа се вкупно 9 бода).
2. Секоја победа носи по 1 бод, победи во плејофот (Топ 4) не се бодуваат.
3. На крајот на првата сезона (кон крајот на годината) најдобрите 8 играчи кои ќе имаат собрано најмногу бодови во текот на сезоната ќе играат на финален Топ 8 турнир со вредни Hearthstone награди!
4. Ова е последен, 8-ми турнир во Лигата за оваа година пред финалето.