Wawawiwa! Дојде и највозбудливото време од годината!
Време е сите Хартстоун играчи да се собереме во Гоблин и гејмерски да го прославиме доаѓањето на Новата Година! Пијачки, грицки, награди, магради, гледање стрим во живо, пиво (само за над 18), миво и што уште не! Дојдете да се видиме и да ја испратиме годинава како што ја личи…
Се изнаигравме изминатава година, на турнирите од лигата дојдоа преку 100 играчи (!!!), а сега е време сите ние да прославиме со мнооооогу награди и шампионскиот Топ 8 турнир во живо!!! Евент што не се пропушта за сите играчи на Хартстоун во Македонија!
Додека ние си играме турнирче, се частиме, си играме таверн бролче и си славиме, во другата просторија на Гоблин во живо ќе се одвива годинешниот Топ 8 турнир меѓу најдобрите играчи во Лигата за 2017 година и тоа со пренос од дечките на најшизичкото гејминг шоу во Македонија – GG.MK!
A за маката и пролеаната пот тие ќе бидат и убаво наградени од најдобриот ланец на продавници за гејминг опрема – Anhoch!!!
Ова е уште една шанса за подобри награди за сите вас… Зошто? Бидејќи најдобрите осум играчи нема да учествуваат на турнирот на кој ќе играте вие! :)))
Значи на овој новогодишен турнир ќе има два турнири и тоа:
1. ***NEW YEAR SPECIAL***
Време: 24 декември, недела, 12:00 ч.
Формат: Стандард (4-5 кола по швајцарски систем со Топ 4)
Број на декови: 2 – по еден од две различни класи.
Победник: Во две добиени, по една победа со двата дека.
Пријавување: Испратете име, презиме и бетл таг на contact@goblingames.mk
ВАЖНО: Секој доаѓа со своја машина (лаптоп, таблет, мобилен)
Учество: 100 ден.
Награди:
1 место: 40 % store credit од вкупното учество + Lil’ Hooger!!!
2 место: 20 % store credit од вкупното учество
3 место: 10 % store credit од вкупното учество
4 место: 10 % store credit од вкупното учество
+ гирцки, пијачки и мноооогу награди по случаен избор!
***ТОП 8 ТУРНИР***
Време: 24 декември, недела, 12:00 ч.
Формат: Стандард Конквест со еден бан. Натпревари по групи (2 групи по 4 играчи) со Double Elimination. Најдобрите 4 продолжуваат во Топ 4 (полуфинале и финале).
Број на декови: 4- по еден од четири различни класи.
Победник: Во три добиени, по една победа со три дека.
ВАЖНО: Секој доаѓа со своја машина (лаптоп, таблет, мобилен)
Награди:
1 место: Headphones Sharkoon SHARK ZONE H40 Gaming
2 место: Headphones Sharkoon RUSH ER2 Gaming
3-4 место: Headphones Sharkoon RUSH ER1 Gaming
5-8 место: Mouse SHARK Force Gaming 1600 DPI
Учесници:
1. Иван Џајков
2. Марио Цинцаровски
3. Никола Карапејевски
4. Михаил Таушанов
5. Давид Стојановски
6. Коста Димовски
7. Андреј Иванов
8. Бојан Гиговски