fbpx

Квалификации за FSG Brawl III

Да ја почнеме новата година со еден специјален настан!

Време е за третото издание на европскиот онлајн тимски турнир – Fireside Gathering Brawl 3!!! Тимот на Гоблин по втор пат ќе учествува на овој настан, откако на минатиот турнир го освоивме одличното 3-то место!

Но, за учество на турнирот прво треба да избереме тим кој достојно ќе не представи во очите на Европа и ќе покаже дека и во Македонија се игра квалитетен Хартстоун!
Затоа, оваа недела ќе се собереме во Гоблин и ќе одиграме квалификациски турнир, на кој победникот ќе се здобие со правото да биде дел од тричлениот состав што на 3 февруари ќе учествува на FSG Brawl 3!

Тоа не е се! Ќе делиме и цел куп награди по случаен избор, а ќе го гледаме во живо и преносот на финалните дуели од Светското првенство кое истиот ден се одржува во Амстердам!

Бујрум сите на Хартстоун дружење да ја отвориме 2018 со многу забава и многу награди!

***КВАЛИФИКАЦИИ ЗА FSG BRAWL 3***

Време: 21 јануари, недела, 12:00 ч.

Формат: Стандард (4-5 кола по швајцарски систем со Топ 4)

Број на декови: 2 – по еден од две различни класи. Се игра во две добиени, по една победа со двата дека.

Пријавување: Испратете име, презиме и бетл таг на contact@goblingames.mk

ВАЖНО: Секој доаѓа со своја машина (лаптоп, таблет, мобилен)

Учество: 100 ден.

Награди:
1 место: Членство во тимот на Гоблин за FSG Brawl 3 турнирот + 40 % store credit од вкупното учество + чаша Ragnaros!!!
2 место: 20 % store credit од вкупното учество
3 место: 10 % store credit од вкупното учество
4 место: 10 % store credit од вкупното учество
+ награди по случаен избор!

TOP

Најава

Направи профил

Вашите податоци ќе бидат употребени за подобро искуство со нашиот сајт, да имате пристап до вашиот профил на сајтот, и се останато опишано во политика на приватност.

Обновување на лозинката

Ја заборавивте лозинката? Ве молиме внесете го вашето корисничко име или е-маил адреса. Ќе добиете линк за да креирате нова лозинка преку е-маил.

Кошничка 0