fbpx

New Year Special + Top 8!

Wawawiwa! Дојде и највозбудливото време од годината!
Време е сите Хартстоун играчи да се собереме во Гоблин и гејмерски да го прославиме доаѓањето на Новата Година! Пијачки, грицки, награди, магради, гледање стрим во живо, пиво (само за над 18), миво и што уште не! Дојдете да се видиме и да ја испратиме годинава како што ја личи…

Се изнаигравме изминатава година, на турнирите од лигата дојдоа преку 100 играчи (!!!), а сега е време сите ние да прославиме со мнооооогу награди и шампионскиот Топ 8 турнир во живо!!! Евент што не се пропушта за сите играчи на Хартстоун во Македонија!

Додека ние си играме турнирче, се частиме, си играме таверн бролче и си славиме, во другата просторија на Гоблин во живо ќе се одвива годинешниот Топ 8 турнир меѓу најдобрите играчи во Лигата за 2017 година и тоа со пренос од дечките на најшизичкото гејминг шоу во Македонија – GG.MK!
A за маката и пролеаната пот тие ќе бидат и убаво наградени од најдобриот ланец на продавници за гејминг опрема – Anhoch!!!
Ова е уште една шанса за подобри награди за сите вас… Зошто? Бидејќи најдобрите осум играчи нема да учествуваат на турнирот на кој ќе играте вие! :)))

Значи на овој новогодишен турнир ќе има два турнири и тоа:

1. ***NEW YEAR SPECIAL***

Време: 24 декември, недела, 12:00 ч.

Формат: Стандард (4-5 кола по швајцарски систем со Топ 4)

Број на декови: 2 – по еден од две различни класи.
Победник: Во две добиени, по една победа со двата дека.

Пријавување: Испратете име, презиме и бетл таг на contact@goblingames.mk

ВАЖНО: Секој доаѓа со своја машина (лаптоп, таблет, мобилен)

Учество: 100 ден.

Награди:
1 место: 40 % store credit од вкупното учество + Lil’ Hooger!!!
2 место: 20 % store credit од вкупното учество
3 место: 10 % store credit од вкупното учество
4 место: 10 % store credit од вкупното учество
+ гирцки, пијачки и мноооогу награди по случаен избор!

***ТОП 8 ТУРНИР***

Време: 24 декември, недела, 12:00 ч.

Формат: Стандард Конквест со еден бан. Натпревари по групи (2 групи по 4 играчи) со Double Elimination. Најдобрите 4 продолжуваат во Топ 4 (полуфинале и финале).

Број на декови: 4- по еден од четири различни класи.
Победник: Во три добиени, по една победа со три дека.

ВАЖНО: Секој доаѓа со своја машина (лаптоп, таблет, мобилен)

Награди:
1 место: Headphones Sharkoon SHARK ZONE H40 Gaming
2 место: Headphones Sharkoon RUSH ER2 Gaming
3-4 место: Headphones Sharkoon RUSH ER1 Gaming
5-8 место: Mouse SHARK Force Gaming 1600 DPI

Учесници:
1. Иван Џајков
2. Марио Цинцаровски
3. Никола Карапејевски
4. Михаил Таушанов
5. Давид Стојановски
6. Коста Димовски
7. Андреј Иванов
8. Бојан Гиговски

TOP

Најава

Направи профил

Вашите податоци ќе бидат употребени за подобро искуство со нашиот сајт, да имате пристап до вашиот профил на сајтот, и се останато опишано во политика на приватност.

Обновување на лозинката

Ја заборавивте лозинката? Ве молиме внесете го вашето корисничко име или е-маил адреса. Ќе добиете линк за да креирате нова лозинка преку е-маил.

Кошничка 0