Често поставувани прашања
Дали постои можност за плаќање на нарачки во готово?
За жал, сега за сега, плаќањето на нарачките се врши само преку нашата интернет продавница, со картичка. Плаќањето во готово важи само за купување на производи од продавницата во Буњаковец.
Дали е неопходно да се направи профил на сајтот за да се изврши купување преку него?
Не. Не е неопходно да се направи профил на сајтот за да се изврши купување преку него. Со креирање „мој профил“ добивате други поволности како што се информации за нови производи, промоции и попусти.
Дали продавате игри за плејстејшн и други конзоли?
Не. Не продаваме видео игри. Нашата продавница е специјализирана за друштвени игри, сложувалки, Trading Card Games, фигури, книги, итн.
Дали онлајн залихата е иста со физичката продавница?
Не. На онлајн продавницата најчесто залихата е 1 што означува дека тој производ го имаме. Доколку сакате да купите повеќе од еден ист производ контактирајте не 078 669 482 или на contact@goblingames.mk за да ја зголемиме залихата доколку во мометот е поголема од 1.
Дали онлајн попустите важат и во вашата физичката продавница?
Попустите се најчесто само за ОНЛЈН нарачки, но производите можат да бидат подигнати и од нашата физичка продавница само изберете ја опцијата – земи од продавница. Можете да направите ОНЛАЈН нарачка додека сте во нашата продавница и веднаш да си ја подигнете.
Организирате ли турнири?
Да. Организираме турнири во Magic: The Gathering и Yu-Gi-Oh!
Дали може да нарачам игри што ги нема на вашиот сајт?
Најдобро е да ни пратите меил на contact@goblingames.mk со играта што сакате да ја купите или да ни се јавите на 078 669 482 за да дознете дали можеме да ја донесеме и колку време би требало.
Дали во продавницата и на сајтот ви се истите артикли?
Најчесто да. Можно е во продавницата да има некои артикли кои не се на сајтот, но во повеќето случаи продавницата и сајтот се едно исто.