КАРТА за учество на Државното првенство во Катан 2026

500 ден

  • Дата: 27 Септември (недела)
  • Почеток: 12:00ч.
  • Место: Rulebook Cafe (Мито Хаџивасилев – Јасмин 15, Скопје) (https://maps.app.goo.gl/4GC56rmnuSQyQmdK8)
  • Учество: 500 денари
  • Рок за пријава: 25 Септември (доколку има слободни места можно е пријавување и на самиот настан)
  • Официјални правила за турнирот (https://docs.google.com/document/d/1GGsu3Kd4drhtjEFpJn-zm9BZJpOmyi-Tr29ooHpse_8/edit?usp=sharing)
  • На турнирот може да играат само полнолетни играчи (со наполнети 18 години).
  • Победникот ќе ја претставува Македонија на Европското првенство Палмела (Португалија) од 6-9 Ноември, 2026. Победникот добива авионска карта и сместување за време на Светското првенство.

64 на залиха

Листа на желби
Листа на желби
Категории: , Таг:
СПОДЕЛИ

Опис

  1. Пријавувањето за учеството на турнирот е до 25-ти септември единствено со купување на оваа карта.
    *доколку има слободни места може да се пријавите и на денот на одржување на самиот турнир
  2. На турнирот може да играат само полнолетни играчи (со наполнети 18 години).
  3. На турнирот може да учествуваат максимум 64 играчи (првите 64 пријавени со купена карта за учество).
    *потребни се минимум 32 играчи за да се одржи турниот (во случај да има помалку од 32 играчи во замена за картата сите пријавени ќе добијат вредносен ваучер од 600 ден.)
  4. При пријавувањето за учество (нарачка на оваа карта) внесете го целосното име, презиме и меил адреса на учесникот кој сакате да биде пријавен за турнирот.
  5. Доколку сакате да пријавите некој друг, пишете го неговото име и меил во коментар.
  6. По самото купување на картата ќе добиете повратен меил кој ќе ви служи како потврда за учество на турнирот.
  7. Поради ограничениот број на учесници, оваа карта не може да се рефундира! Доколку не можете да присуствувате на турнирот, вашата карта можете да ја дадете на друг учесник, кој ќе треба да го покаже меилот за потврда кога ќе дојде на турнирот.
  8. Турнирот ќе се одржи во новото бордгејм кафе „Rulebook“ (https://maps.app.goo.gl/4GC56rmnuSQyQmdK8)
  9. Турнирот почнува во 12 часот на пладне, но играчите треба да дојдат порано за да имаат време да се пријават и да се подготват за играње.
  10. Победникот на турнирот ќе добие авионска карта, сместување и право на учество на Европското првенство во Палмела, Португалија (6-9 Ноември 2026).
  11. Сите учесници ќе добијат код со 20% попуст за својата следна нарачка од GoblinGames.mk направена онлајн до 11 октомври 2026.
  12. За време на турнирот е забрането внесување на пијалоци од надвор.
  13. Од сите учесници се очекува да се однесуваат фер и коректно, без непотребно задржување (stalling) и претерано долго „ценкање“, а од посетителите се очекува да не разговараат со натпреварувачите за време на партиите, ниту да ја коментираат партијата што ја гледаат додека таа е во тек.
  14. За било какви информации и проблеми кои ги имате при пријавувањето пишете на нашиот меил:
    contact@goblingames.mk

СЕКОЈ УЧЕСНИК ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ГИ ПРОЧИТА ПРАВИЛАТА:

https://docs.google.com/document/d/1GGsu3Kd4drhtjEFpJn-zm9BZJpOmyi-Tr29ooHpse_8/edit?usp=sharing

TOP

Најава

Направи профил

Вашите податоци ќе бидат употребени за подобро искуство со нашиот сајт, да имате пристап до вашиот профил на сајтот, и се останато опишано во политика на приватност.

Обновување на лозинката

Ја заборавивте лозинката? Ве молиме внесете го вашето корисничко име или е-маил адреса. Ќе добиете линк за да креирате нова лозинка преку е-маил.

Кошничка 0