



Werewolves of Miller’s Hollow (MK)
590 ден
- Правила на македонски јазик
- Број на играчи: 8-18
- Времетраење: 30 мин
- Вoзраст: 10+
- Издавач: Nürnberger-Spielkarten-Verlag
- Одбери 2 игри на македонски и освој 30% попуст на втората игра
- *понудата е за ОНЛАЈН нарачки
*попустот не важи за производи кои веќе се на попуст
*попустот се пресметува на играта со помала цена
На залиха
Опис
„Werewolves of Miller’s Hollow “ е игра што се одвива во мало село кое е опседнато со врколаци. На секој играч тајно му е доделена улога – Врколак, Обичен граѓанин или посебен лик како што се Шерифот, Ловецот, Вештерката, Малото девојче, Гатачката и така натаму… Исто така, постои и играч Модератор кој го контролира текот на играта. Играта се менува помеѓу ноќните и дневните фази. Ноќе, Врколаците тајно избираат кого ќе убијат. Во текот на денот, се открива кој бил убиен и излегува надвор од играта. Останатите размислуваат и гласаат за играч за кој се сомневаат дека е Врколак, потпомогнати (или попречени) од индициите што специјалните ликови ги додаваат на општото размислување. Избраниот играч е „линчуван“, ја открива својата улога и излегува надвор од играта. „ Werewolves “ е друштвена игра што не бара посебни услови или подготовка и може да се игра со речиси секакава голема група играчи.
Награди и признанија:
- 2005 Juego del Año Finalist
- 2003 Spiel des Jahres Recommended
- 2001 Tric Trac Nominee

















